Охридските гимназијалци со соопштение повикувани на протест

Од:

Средношколците во охридската гимназија денеска ги пречека залепено соопштение во кое што се повикуваат да го кренат нивниот глас за унитарна Македонија.

„Ние средношколците не прифаќаме уцени. Средношколците сакаат унитарна Македонија во која поединецот ќе биде приоритет, а не етничките права. Затоа е време ние гласно да го кренеме нашиот глас и да кажеме: Не! Не, за разнебитувањето на државата! Нема да молчиме ниту да стоиме настрана ние кои сме иднината на Македонија“ стои во соопштението и се повикуваат средношколците во 15 часот да го искажат нивниот револт.

Соопштенијата биле отстранети од страна на службите на гимназијата, меѓутоа фотографии од нив веќе се распространија по социјалните мрежи.

Би можело да ве интересира

Протест во Тунис прерасна во судири со полицијата

Нормализиран е сообраќајот на патот Охрид – Св. Наум

Поради одрон, сообраќајот на патот Охрид – Св. Наум по една лента

44-годишен охриѓанец со нож рани познаник

Протест против странските работници во Риека: Дојдоа 20 луѓе

Силен ветер урна дрво на кејот во Охрид