Охридскиот пливачки маратон сепак ќе се одржи

Од:

Охридскиот пливачки маратон сепак ќе се одржи. Пливачката федерација на Македонија како што дознава А1 сепак попуштила пред притисокот на техничкиот организатор на маратонот, клубот Охридски бранови.

Во текот на вчерашниот ден на сметка на Охридски бранови биле пуштени парите наменети за техничка организација на маратонот, но и најголем дел од долгот кој како побарување од федерација го имаше техничкиот отргнизатор.

„Најдовме заеднички јазик со Пливачки федарација на Македонија , но и благодарение на медиумскиот притисок успеавме да издејствуваме да ги добиеме сите потребни средства и да не се случи срам, маратонот да не се одржи“, изјави за А1, Никола Маленко, еден од организаторите на маратонот.

Сега на Охридски бранови му останува само еден ден да го организира маратонот чиј што старт е закажан за утре во 12 часот на Свети Наум. Ако времето е добри, а езерото мирно, првите пливачи на градското пристаниште во Охрид се очекува да пристигнат околу 18 часот.

На 26 по ред Охридски пливачки маратон ќе настапат вкупно 30 пливачи од 12 држави помеѓу кои и 7 македонски маратонци. Главен фаворит на мратонот и оваа година е бугаринот Петар Стојчев, кој десет пати едно подруго победува на Охридскиот пливачки маратон.

Наградниот фонд за маратонот изнесува 25.000 американски долари.

Мики Трајковски

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Силното невреме направи штети во Битола, Штип и Охрид, се санираат последиците

Катерина Ѓуровски

Охриѓанец со нож повредил тројца, приведен е

Охрѓианец избран за јавен правобранител, продолжил да си работи и како адвокат

Катерина Ѓуровски

Во сообраќајка тешко е повредено 18-годишно момче од Охрид

Во сообраќајка во Охрид тешко е повредена жена

На конференција во Охрид ненадејно почина поранешен шкотски премиер

A1on