Охридски возачи премногу брзале насабајле, 57-мина казнети за едно претпладне

Од:

Вкупно 57 возачи во Охрид и околината се казнети денеска во петчасовна акција на сообраќајната полиција.

„Денеска (07.06.) во периодот од 07 до 12 часот на подрачјето на СВР Охрид спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 57 возачи. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови“, велат од охридската сообраќајна полиција.

„Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, додаваат оттаму.

Би можело да ве интересира

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски

ЦУК: Од обилните врнежи има поплавени куќи во Охрид и Кичево, евакуирани се 100 лица

Земјотрес во Охрид и околината со интензитет од четири степени според Европската макросеизмичка скала

Земјотрес во Охрид

Нормализиран е сообраќајот на патот Охрид – Св. Наум