Охридска трансфузиологија како од хорор филм, дарителите на крв коментираат: „Поскоро ќе повратиш, па ќе даруваш крв“

Од:

Распаднати и мувлосани ѕидови, искршени плочки, бетон и прашина наместо плочки. Вака изгледа објектот односно просторијата каде е сместена Трансфузиолошката служба во Охрид. На ова место, со години хумани граѓани и роднини на пациенти даруваат крв за да спасат живот. За просториите, охриѓани, кои најчесто ги посетуваат, велат дека се како од хорор филм. Еден од коментарите е „Затворите во Танзанија имаат подобри услови“.

„А1он“ се обрати Институтот за трансфузиона медицина и Министерството за здравство и прашавме зошто е дозволено во вакви услови да се врши трансфузија на крв, но не добивме одговор. Според наши извори, на охридска Трансфузија има и друг проблем, а тоа е што работи има само еден трансфузиолог.

„Црна мувла, влага насекаде, паѓаат ѕидовите, импровизирани стари прозори кои во секој момент може да ти паднат на глава. Поскоро ќе повратиш, па ќе даруваш крв, се разбира ако не избегаш. Колку и да се трудат вработените, кои се многу љубезни и посветени, да ни обезбедат убави и хигиенски услови не е возможно, бидејќи ова е буниште. Поздрав до сите одговорни!“, се вели во една од реакциите на граѓаните.

Во овој пункт на Транфузиологија нема основни услови, констатираат граѓаните кои го посетиле. „А1он“ ги исконтактира и вработените во Охрид. Сестрата која одговори на телефонскиот повик не сакаше да коментира како е да се работи во овие простории. Таа посочи дека раководителката доктор Соња Србакоска, поради што не можевме да добиеме коментар ниту од неа.

Би можело да ве интересира

Вработените во здравството ќе протестираат на 8 април, нема да добијат усогласување со минималната плата

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство

Синдикати бараат новиот министер за здравство да ги потпише анексите усвоени од Влада

Скопјани имаат најголеми, а жителите на Крушево најмали можности за здравствена заштита

Катерина Ѓуровски

Вработувањата на 1.117 лица во здравството не се предизборни, тие веќе работат по клиниките, тврди Ковачевски

Орце Костов

Ристески: Со одбивањето на амандманот од 20 милиони денари за подобрување на условите во Клиниката за радиотерапија и онкологија, власта покажа дека е против здравјето и животите на тие пациенти