А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Охридска банка предупредува за фишинг напади и злоупотреба на лични податоци од непознати сторители

by А1он06/11/2019 - 15:22302
Share0

Охридска банка информира дека непознати сторители, злоупотребувајќи го идентитетот на Банката преку лажно претставување, се обидуваат да извлечат лични податоци на клиенти на Банката и на општата јавност.

Добивај вести на вибер

– Забележани се два вида напади. Во првиот случај на фишинг напад, непознат праќач од лажна меил адресата [email protected] праќа известување за добиена дознака од странство со прикачен .rar документ, што не е официјална меил адреса за комуникација на Банката. Во вториот случај, лажна Фејсбук страница именувана „Охридска банка“ повика на учество во наводна наградна игра и контактира Фејсбук корисници да достават слика од лична карта, број на трансакциска сметка и слика на бела позадина, појаснуваат од банката.

Во соопштението истакнуваат дека Охридска банка нема никаква поврзаност со наведените меил адреси и лажната Фејсбук страница и дека не организира наградна игра.

Банката апелира до сите клиенти, како и општата јавност, со крајно внимание да ги употребува и доставува за обработка, личните податоци, особено во последниот период кога се зачестени обиди за крадење лични податоци со лажно претставување во име на засегнати страни.

Банката препорачува да се следат насоките на Дирекцијата за заштита на лични податоци за вакви ситуации и известува дека веќе го пријави овој случај во компанијата Фејсбук, како и во Министерството за внатрешни работи.

ohridska banka

Би можело да ве интересира

Охридска банка Сосиете Женерал со донација вредна 600 илјади денари

Предраг Петровиќ12/08/2016 - 17:03

Охридска банка Сосиете женерал со донација од неопходни добра за настраданите во поплавените подрачја

Емир Латифовиќ12/08/2016 - 13:11
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен