Охрид: Украдено злато вредно 100 илјади евра

Од:

Злато во вредност од 100.000 евра украдени се вчера од златарата Голд сместена во строгиот центар на Охрид.

Оваа онформација ја потврдија и од охридската полиција, од каде рекоа дека податоците се според кажувањата на врабитените во златарата.Кражбата се случи синоќа околу 20 часот кога две маскирани лица со капи влегле во златарницата „Голд“ во охридската чаршија со оружје во рацете и со закани кон вработените украле огромна количина злато од пултот во златарата.

Веднаш потоа се обиделе да избегаат со мотор кој бил паркиран пред златарата, но бидејки не успеале да го стартуваат моторот избегале со трчање.

Кражбата се случила околу 20 часот, во моментот кога во близина имало и голем број граѓани. Од СВР информираат дека се во потрага по лицата и оти во моментот се врши увид на лице место.

Би можело да ве интересира

МВР: Уапсен скопјанец за кражба на бакарни кабли вредни 200.000 евра

Горан Наумовски

Четворица малолетници се обидоа да го ограбат манастирот „Св. Наум Охридски“ на Попова Шапка

Почувствувани два земјотреса во Битола и Охрид, епицентрите во Албанија и Грција

Земјотрес во Грција од 3,7 степени по Рихтер, почувствуван и во Охрид

Горан Наумовски

Обвинителството започна истрага по ревизорскиот извештај на ДЗР за Општина Охрид

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски