Охрид Скај: Екстремни албански групи од Косово во Скопје

Од:

„Екстремни албански групи за подгревање на меѓуетничките тензии од Косово, се пристигнати во Македонија“, објави ОхридСкај.

Посебно групи од Косово кои биле  и поранешни инсталации на Милошевиќ и на српската војска на чело со Генерал Аџиќ, според порталот, треба да изведат сценарио за поделба на Македонија.

Дел од старите српски инсталации ги радикализираат Македонците, а дел од тие инсталации биле на Косово и се со стари релации со Белград и подземјето, пишува порталот.

ОхридСкај, од странски безбедносни агенции дознава и дека старите српски инсталации во Скопје се активирани во целост за создавање на меѓуетнички проблеми во земјата.

Според порталот, имаат и логистика од власта од делот на блиските во ВМРО-ДПМНЕ, се со цел заострување на меѓуетничките тензии, федерализација и поделба на Македонија, со што би се довело и прашањето за опстанок и на Косово и Босна и Херцеговина.

„Делот на навивачите преку релациите со КОС, Црвена Ѕвезда и Партизан старите удбашки дувла ќе бидат организатори на тепачки и нереди. На маса е и босанско сценарио“, пишува ОхридСкај, кој повикува на будност.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип