Касапење на Охрид, исечено дрво старо 20 години на брегот на езерото

Од:

Во доцните попладневни часови вчера на брегот на Охридското Езеро во близина на појас трска крај новата патека е исечено дебело стебло на дрво старо повеќе од 20 години без никакво известување ниту објаснување од градските власти.

Активист на ОхридSOS се нашол во близина во моментот и ја фотографирал сечата по што дрвосечачите го нападнале вербално активистот и за малку бил спречен физички напад врз него.

Тој ги прашал и зошто го сечат дрвото на што му било одговорено дека станува збор за труло дрво, иако од фотографиите јасно се гледа пресекот на здравиот трупецот.

Прашуваме ЗОШТО се криете од јавноста ако сечете труло дрво? Зошто напаѓате случаен минувач кој патем е и жител на општината и има полно право да знае што се случува во општината каде живее?

ОхридSOS е згрозен од односот на Општина Охрид спрема животната средина. Изминатиов викенд Националниот Парк Галичица беше претворен во полигон за џипови, пред неполна година се исекоа речиси сите стари дрвја крај патеката, не се остави ниту едно дрвце во дворот на црквата Света Софија.

До каде ќе одите господа? Ќе оставите ли природа во Охрид? Ќе има ли ладови на плажата каде што посетителите ќе можат да се засолнат? Или можеби планот е да нема повеќе бесплатни сенки?

Природата ја сакатите на штета на сите жители на Охрид кои заработуваат од туризам во моментов. Зошто туристите во Охрид доаѓаат за природните сенки, за зеленилото и за синилото. Кога ќе ја уништите природата, а натаму сме тргнале- ќе ја уништите и секоја шанса за туризам во Охридско. Сѐ тоа за ситните моментални интереси на неколкумина, реагираат од ОхридSOS.

Би можело да ве интересира

Бунтот се шири во Струга, фактури од ЗАМП доаѓаат за ист апартман до повеќе членови на семејство

(ВИДЕО) Шајн: Пецаков и ВМРО го загрозија статусот на Охрид, УНЕСКО алармира на пропустите

Пожар во Охрид, огнот се шири кон куќите

Горан Наумовски

Шести ден без струја во студентскиот дом „Никола Карев“ во Охрид

Министерство за транспорт: Инспекторатот ќе отстрани нелегален објект во старото градско јадро на Охрид

Земјотрес со јачина од 3 степени утринава почувствуван во Охридско-струшкиот регион