Охрид се подготвува за празнувањето на Богојавление – Водици

Од:

Градот Охрид ги привршува подготовките за најмасовната верска манифестација во земјата – традиционалното фрлање на Светиот крст и осветувањето на водите на Охридското Езеро по повод православниот празник Богојавление – Водици.

Како што беше истакнато на денешната прес-конференција, осветувањето на езерските води и фрлањето на светиот крст ќе биде во 10 часот кај Градското пристаниште. На фрлањето на крстот ќе му претходат утрински богослужби од часот, а од 8:30 започнува свечената литургија во сите парохиски цркви, по што литиите поаѓаат кон пристаништето во Охрид.

Илија Ристески од МПЦ појасни дека пријавувањето за фаќањето на крстот ќе започне од 15 јануари во црквите Света Богородица – Каменско, Свети Ѓорѓи, Св.Никола во Долна Влашка маала и Св.Никола-Геракомија, а секој од оние што ќе влезат во водите на Охридското Езеро добива и маица како подарок од Дебарско – кичевската епархија и Локалната самоуправа. Тој додаде дека на самиот ден Богојавление и оваа година точно на пладне на Сараиште де се одржи и масовно крштевање во осветените езерски води.

Би можело да ве интересира

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски

ЦУК: Од обилните врнежи има поплавени куќи во Охрид и Кичево, евакуирани се 100 лица

Земјотрес во Охрид и околината со интензитет од четири степени според Европската макросеизмичка скала

Земјотрес во Охрид

Нормализиран е сообраќајот на патот Охрид – Св. Наум