Охрид пред Уставен го обжали Законот за изградба на туристички развојни зони

Од:

Пред Уставниот суд во Скопје Локалната самоуправа го обжали Законот за изградба на слободни туристичко развојни зони, бидејќи според градските власти истиот целосно се кочел со децентрализацијата , а со него на општината целосно и се одземале ингеренциите.

„Ние тој предмет сигурно ќе го добиеме на Уставен суд. Со тој закон се што е покрај езеро ќе се прогласи за индустриска зона.

– Сакаат да ми ги одземат ингеренциите и да и ги предадат на Агенцијата за туризам. Нели тие зони се заштитени зони и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се залагаат тие зони да останат без градби, без хотели. Сега наеднаш илјадници квадратни метри треба да се изградат во Љубаништа. Доколку тие ја носат таа одлука важи, а ние не смееме тоа да го правиме“, изјави градоначалникот Александар Петрески.

Градоначалникот Петрески уште еднаш ги најави проектите за изградба на марина и пристаниште во населбата Грашница,како о изградба на пешачка патека од Грашница до Канео со што според него ќе заживее целиот тој дел на туристички Охрид.

Мики Трајковски

Би можело да ве интересира

Нормализиран е сообраќајот на патот Охрид – Св. Наум

Поради одрон, сообраќајот на патот Охрид – Св. Наум по една лента

44-годишен охриѓанец со нож рани познаник

Силен ветер урна дрво на кејот во Охрид

Утринава најстудено беше во Берово, а најтопло во Охрид

Пецаков најавува старт на реконструкцијата на Холандскиот парк во Охрид