Охрид подготвен за утрешниот Богојавленски водосвет – Водици

Од:

Снегот што ноќта падна во Охрид доколку потрае само ќе го увеличи утрешниот голем црковно-народен собир по повод православниот празник Богојавление – Водици. Сè во градот е подготвено за Богојавленскиот водосвет, најмасовната верска манифестација во земјата ­­- традиционалното фрлање на Светиот крст и осветувањето на водите на Охридското Езеро.

Самата манифестација ќе биде поделена на два дела и тоа оној верскиот што согласно православните начела го организира и спроведува Дебарско-кичевската епархија при МПЦ и на граѓански дел што го организира Општина Охрид, а се однесува на сите пропратни содржини наменети за збогатување на самиот настан за да мине во најдобар ред.

Верскиот дел од настанот почнува со утрински богослужби во сите парохиски цркви во 7 часот. Од 8:30 треба да започне светата литургија, по што литиите поаѓаат кон Градското пристаниште во Охрид каде во 10 часот ќе се спроведе осветувањето на водата и фрлањето на Чесниот крст во езерото. И оваа година точно на пладне на Сараиште ќе се одржи масовно крштевање во осветените води на Охридското Езеро.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски

ЦУК: Од обилните врнежи има поплавени куќи во Охрид и Кичево, евакуирани се 100 лица

Земјотрес во Охрид и околината со интензитет од четири степени според Европската макросеизмичка скала

Земјотрес во Охрид

Нормализиран е сообраќајот на патот Охрид – Св. Наум

Поради одрон, сообраќајот на патот Охрид – Св. Наум по една лента