Охрид останува и без Пивофест

Од:

Охридскиот Пивофест годинава најверојатно нема да се одржи. А1 дознава дека немало заинтересирани фирми кои годинава би ја организрале манифестацијата. Изминативе две години Пиво фест во Охрид собра илјадници посетители, а се одржуваше за време на шпицот на сезоната од 29. јули до 1. август.

На огласот за издавање на просторот каде што се одржуваше Пиво фестот, кој пред два месеци го распишал Јавното претпријатие „Биљанини извори“ се пријавил само еден кандидат.

Но истиот на време не уплатил 20 проценти од вкупната вредност која изнесувала 5100 евра, со што не ги исполнил усовите да го закупи просторот, а со тоа не покажал заинтересираност да ја организира оваа манифестација. Ова телефонски за А1 го потврди и директорот на „Биљанини извори“, Боро Шајн.

Тој кажа дека претпријатието никогаш не стоело зад организацијата на Пивофест, туку само преку јавен повик го издавал просторот пред спортската сала за организирање на оваа манифестација.

Минатите две години на Пиво фест учествуваа познати домашни и балкански музички имиња како што се Сека Алексиќ, Ван Гог, Рибља Чорба. Годинава, со оглед на тоа како стојат работите , Пиво фест се поверојатно е дека нема да се одржи бидејки време за негова организација и нема.

Покрај Прилепскиот пиво фест кој заврши пред два дена, во Македонија слични вакви фестивали се одржуваат во Скопје и од минатата година во Крушево.

Мики Трајковски

Би можело да ве интересира

Охридскиот регион остана под заштита на УНЕСКО, ќе се ангажира фирма која ќе ги урне дивоградбите во Охрид, рече Мицкоски

Љутков: Извештајот на УНЕСКО за Охрид се однесува токму на периодот на владеење на СДСМ и ДУИ

СДСМ: Охрид е на чекор од губење на статусот на заштитено светско наследство

УНЕСКО бара Охридскиот регион да биде поместен на Листата светски природни и културни реткости во опасност

ВИДЕО: Се запали глисер закотвен во Студенчишкиот канал во Охрид

Катерина Ѓуровски

Жена од Јапонија паднала кај Канео, била во бесознание па е згрижена во болницата „Свети Еразмо“

Горан Наумовски