Охрид никако да добие затворен базен

Од:

Еден од главните проекти со кои владејачката ВМРО – ДПМНЕ скоро на сите избори излегува пред граѓаните е затворениот базен во Охрид. Многу изборни циклуси наназад некако предизборно како да се дава надеж на охриѓани дека кончено ќе го добијат затворениот базен, но исто толку пати тоа се покажало како предизборна манипулација.

Пливачките клубови во Охрид функционираат помалку од само два месеци, во летната сезона кога во употреба е пуштен постоечкиот отворен базен во склоп на СРЦ „Билјанини Извори“. Градоначалникот Бакрачески, во својата минатогодишна изборна кампања, изградбата на затворен базен исто така ја користеше како една од главните поенти во трката за гласови пред граѓаните. Откако стана градски татко, Бакрачески на неколку пати го посетуваше Спортско – рекреативниот центар „Билјанини Извори“ и најавуваше дека тој ќе станел голем модерен центар, а во негови рамки ќе се изградел и затворениот базен. Минатата година, во изјава за еден охридски локален медиум, Бакрачески истакна дека токму годинава во април ќе започнела изградбата на објектот.

Според она што денеска го слушнав од институциите во склоп на локалната самоуправа, а и од луѓето кои работат во агенцијата за спорт и млади, средствата се одделени наменски за изградба на овој базен кој ќе биде едно од посовремените решенија за изградба на базен во Р Македонија со европски стандарди и според нив реално е дека во април идната година ќе почне со изградба на овој базен – истакна Бакрачески на 26 април, минатата година.

Сега, на крајот на април, ниту трага ниту пак некаква надеж за изградба на таков базен. Бакрачески за А1ОN денеска изјави дека припремните работи веќе биле започнати но со изградбата наводно ќе се започнело кон крајот на оваа година.

Припремните работи околу реализација на проектот за затворен базен се веќе одамна започнати. Се надевам дека во септември, октомври ќе почнат и градежните работи за изградба на затворен пливачки базен. Она што можам да го кажам дека ќе биде со сигурност најубавиот пливачки базен во Република Македонија за што после завршување на изградбата самите ќе се уверите. Можно е да сум дал таква изјава но тоа не е во потполна ингеренција на Локалната самоуправа, сепак финансиската конструкција е на Агенцијата на млади и спорт. Меѓутоа ние имавме одредени проблеми со обезбедување на локација со оглед на тоа што изминатиов период земјиштето кое порано влегуваше во рамките на СРЦ Билјанини Извори беше приватна сопственост со денационализацијата. По наша иницијатива Министерството за транспорт и врски изврши експропријација на тоа земјиште и врз основа на тоа ние изработивме нов архитектонско – урбанистички проект, врз основа на кој го сместивме на поатрактивна локација покрај Туристичка, а не онака како што бевме првобитно приморани да го поставиме базенот, а тоа беше позади главниот фудбалски терен.

Охриѓани, засега се уште не можат да се радуваат на затворениот базен кој би го користеле во текот на целата година, а спортските клубови ќе мора да почекаат подобри времиња.

Ф.Ј.

Би можело да ве интересира

Охридскиот регион остана под заштита на УНЕСКО, ќе се ангажира фирма која ќе ги урне дивоградбите во Охрид, рече Мицкоски

Љутков: Извештајот на УНЕСКО за Охрид се однесува токму на периодот на владеење на СДСМ и ДУИ

СДСМ: Охрид е на чекор од губење на статусот на заштитено светско наследство

УНЕСКО бара Охридскиот регион да биде поместен на Листата светски природни и културни реткости во опасност

ВИДЕО: Се запали глисер закотвен во Студенчишкиот канал во Охрид

Катерина Ѓуровски

Жена од Јапонија паднала кај Канео, била во бесознание па е згрижена во болницата „Свети Еразмо“

Горан Наумовски