Oхрид нема да плаќа за концерти во екот на сезоната, откако минатата година даде 93 илјади евра

Од:

Општина Охрид на наредната седница ќе треба да се произнесе за предлогот градот во иднинa финансиски да не ги поддржува концертите што ќе се одржуваат од 15 јуни до 15 август. Ваквиот предлог доаѓа откако изминативе години неколку продукции инкасирале милиони денари од општинската каса.

Одлуката дали овој предлог ќе се усвои, ќе ја донесат советниците. Неофицијално, ваквиот предлог се темели на анализи направени во изминатиот период. Тие покажуваат дека во текот на туристичката сезона сите капацитети на хотелиерите се исполнети, а со организација на вакви настани, најмногу добиваат организаторите, но не и градот.

Ова значи дека Охрид од буџетот нема да дава пари за концерти, фестивали и манифестации што се организираат во овој период од годината. Ваквата одлука ќе треба да биде изгласана од мнозинството советници за да стапи во сила. Неофицијано, предлог до советниците во Општина Охрид ќе достави в.д. градоначалникот Константин Георгиевски.

Координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид, Кирил Пецаков, вели дека поддржуваат ваква инцијатива.

„Доколку стигне ваква точка, ќе ја видиме содржината, ќе разгледаме, па ќе одлучиме како ќе се произнесеме. Кога Охрид е најполн нема потреба градот да субвенционира концерти. Доколку надвор од сезона се донесе некоја ѕвезда која ќе придонесе за развојот на туризмот, посетеноста, тоа ќе го поддржиме. Не знаеме каков е текстот на предлогот, можеби би интервенирале со амандмани“, вели Кирил Пецаков.

„Макфакс“ пишуваше дека минатото лето Општина Охрид со народни пари финансирала пет концерти и на организаторите им имсплатила 5.649.000 денари или безмалку 93 илјади евра. Парите ги зеле два правни субјекта „БМЈ Медиа гроуп“ издавач на „1ТВ“, чиј сопственик е Бојан Јовановски, и „Самоорганизација букинг“ застапник на „Аволон продукција“, чиј сопственик е Бобан Милошески.

Кристијан Ландов

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Силното невреме направи штети во Битола, Штип и Охрид, се санираат последиците

Катерина Ѓуровски

Охриѓанец со нож повредил тројца, приведен е

Охрѓианец избран за јавен правобранител, продолжил да си работи и како адвокат

Катерина Ѓуровски

Во сообраќајка тешко е повредено 18-годишно момче од Охрид

Во сообраќајка во Охрид тешко е повредена жена

На конференција во Охрид ненадејно почина поранешен шкотски премиер

A1on