Охрид: Нападнати вработени во РЕ „Јавна Хигиена“

Од:

Утрово околу 6.15 часот, двајца вработени во РЕ „Јавна Хигиена“, додека ги извршувале своите секојдневни обврски, биле нападнати од страна на две непознати лица, информираат од јавното претпријатие „Охридски комуналец“.

Едниот работник бил нападнат на ул.„Никола Карев“ пред маркетот „Стоп Шоп“. Насилниците бегајќи го пресретнале и другиот работник, кој ги празнел корпите за ситен отпад на ул.„Булевар Туристичка“, во близина на охридската Гимназија, па го нападнале и него.

Вработените од силните удари се здобиле со телесни повреди и веднаш се пренесени во Општа болница-Охрид, каде им е укажана лекарска помош.

Случајот е пријавен во СВР-Охрид.

Би можело да ве интересира

Тешко повредена е 21 годишна велешанка – падна од мотоцикл

А1он

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата