• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

Охрид ќе биде домаќин на Туристичкиот саем „Скопје Травел Маркет“

by А1он26/03/2015 - 18:03159
Share0

Градот Охрид ќе биде домаќин на петтиот по ред Туристички саем „Скопје Травел Маркет“ што ќе се одржува од 7 до 9 мај. Тоа денеска беше договорено на средбата на градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески со претставници на Стопанската комора за туризам и на „Скопски саем“.

Добивај вести на вибер

Бакрачески оцени дека манифестацијата ќе биде одлична можност за презентација на понудата на Охрид, како најголем и најразвиен туристички центар во Република Македонија.

– Ова е одлична можност за комплетна презентација на туристичка понуда на Охрид, пред учесниците и посетителите на овој голем меѓународен туристички саем, рече Бакрачески.

Тој додаде дека покрај претставувањето на понудите на поголемите хотелски и угостителски капацитети за претстојната туристичка сезона, како град домаќин, на саемот ќе има можност да се претстават и понудите на станоиздавачите од помал обем, занаетчиите, понудите од алтернативниот, пред се руралниот туризам и на другите чинители во оваа стопанска гранка.

Истовремено предвидено е на саемот да се афирмираат и стратегиите за продолжување на туристичката сезона, преку развој на посебни форми на културен, здраствен, спортски туризам.

Претседателот на Стопанската комора за туризам Лела Крстевска со оценка дека Охрид како најголем туристички центар во земјата заслужува што поголема промоција.

– Токму затоа наши експерти се вклучени во креирањето на пакети за туристи од прекуокеанските земји, во рамки на проект финансиран од ОЕЦД и Европската унија .Се надеваме дека во тие кружни европски тури Охрид ќе биде вклучен со едно или две ноќевања, рече Крстевска.

Организаторот на манифестацијата – „Скопски саем“ за презентација на градот домаќин обезбеди голем штанд, на централно место.

Валентина Димитрова од „Скопски саем“ смета дека тоа ќе биде исклучителна можност за покомплексна и шаренолика презентација на туристичката понуда на Охрид.

На саемското претставување во Скопје досега учество најавиле субјекти од областа на туризмот и угостителството од Турција, Србија и Црна Гора, а се очекува присуство и на претставници од уште десеттина држави од регионот.

ohrid

Би можело да ве интересира

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски12/01/2026 - 09:2512/01/2026 - 15:02

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски09/01/2026 - 09:3309/01/2026 - 12:33

ЦУК: Од обилните врнежи има поплавени куќи во Охрид и Кичево, евакуирани се 100 лица

Горан Наумовски08/01/2026 - 09:56

Земјотрес во Охрид и околината со интензитет од четири степени според Европската макросеизмичка скала

Катерина Ѓуровски30/12/2025 - 08:09

Земјотрес во Охрид

Предраг Петровиќ27/12/2025 - 09:53

Нормализиран е сообраќајот на патот Охрид – Св. Наум

Горан Наумовски14/12/2025 - 11:24
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен