Охрид изгуби германски пари за Студенчишкото блато

Од:

Во рамки на проектот за заштита на Студенчишкото блато во Охрид беа обезбедени средства кои Охрид требаше рационално да ги искористи. Самиот проект беше иницијатива на Билатералниот секретаријат за заштита на Охридското Езеро, а средствата беа обезбедени од друштвото за германска меѓународна соработка од Германија.

Целите на проектот, според Билатералниот секретаријат беа да се утврдат границите за строга заштита на срцето на Блатото, да се ре-воспостави врската на Блатото со Езерото, да се изгради инфраструктура за посета на срцето на Блатото и да се понуди истото во туристичката понуда на Охрид.

Да, парите беа уплатени, легнати на сметка на министерство, а потоа ги повлекоа затоа што не се донесе одлука што точно ќе се прави со Студенчишкото блато. Меѓутоа парите не се изгубени и најверојатно ќе се искористат за некоја друга блатна површина во Дримскиот басен, вели за А1он Дејан Пановски од Билатералниот секретаријат за заштита на Охридското Езеро.

Одлуката за Студенчишкото блато требаше да ја донесе Општина Охрид. Германците револтирани од несериозниот однос, ги повлекле парите кои веќе ги имале уплатено на сметката за овој проект.

Дали неажурноста на администрацијата или некоја друга е причината за недонесувањето одлука за Студенчишкото блато? Зошто се пропуштаат вакви финансиски средства обезбедени од странство за заштита на природните богатства на Охрид?

Ф.Ј.

Би можело да ве интересира

Силен ветер урна дрво на кејот во Охрид

Утринава најстудено беше во Берово, а најтопло во Охрид

Пецаков најавува старт на реконструкцијата на Холандскиот парк во Охрид

Филипче: Со чесна и посветена работа Асен Шајн ќе го врати сјајот на Охрид

Охриѓанец го запалил глисерот на брат му, огнот зафатил и зграда

Катерина Ѓуровски

Обид за убиство во Охрид: Скопјанец со нож сакал да убие познаник