Охрид и Дебрца со Мировен марш се вклучија во одбележувањето на Меѓународниот ден на мирот

Од:

Општините Охрид и Дебрца денеска со Мировен марш низ централните градски улици го одбележаа 21 септември – Меѓународниот ден на мирот.

Главниот настан се одржа на Градскиот плоштад, со културно- уметничка програма во која настапија младите охриѓанчиња згрижени во детската градинка „Јасна Ристеска“ и учесници од детскиот фестивал „Распеано рибарче“.

Пред присутните советникот во градскиот Совет, Мишел Наумоски, нагласи дека со одбележувањето на Меѓународниот ден на мирот граѓаните на Охрид и Дебрца ја потврдуваат определбата на Република Македонија својот развој да го гледа во мирна коегзистенција со своите соседи во поширокото европско семејство.

– Мирот секогаш бил најпосакуваната и најголема вредност на човечката цивилизација, а стремежот за мир и слобода најголемиот идеал на човекот. Сојузот на борци од Народно ослободителната борба и граѓаните продолжувачи на традицијата, имаат најголемо историско право бескомпромисно да се залагаат за вредностите на мирот и слобода за секој човек…И денес кога на нашата планета постојат војни судири, Сојузот на борците и продолжувачи на традицијата и ние како граѓани, чекориме со пораката за мир и се приклучуваме кон иницијативата на генералниот секретар на обединетите нации Антонио Гутереш, да прекинат насилствата и сите народи да чекорат заеднички по патеките на мирот и взаемното уважување и разбирање. Почитувани присутни, да посакаме мирот да надвладее, а луѓето и народите да чекорат кон заедничка иднина, исполнета со човекољубие, мир и слобода за сите луѓе, рече Наумоски.

Пригодно обраќање имаше и потпретседателот на Сојузот на борци од НОБ од Охрид и Дебрца, Љубиша Маршановиќ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Скроз гол на џогинг во Охрид

А1он

Мартин Гоџоски го фати крстот во Охрид

Катерина Ѓуровски

Срби се истепале пред ноќен клуб во Охрид

Измамник од охриѓанка зел скоро 5.000 евра

ВИДЕО: Силното невреме направи штети во Битола, Штип и Охрид, се санираат последиците

Катерина Ѓуровски

Охриѓанец со нож повредил тројца, приведен е