Охрид, Дебар и Ново Село избираат градоначалници

Од:

Заедно со претседателските избори денеска се одржуваат и предвремени локални избори за градоначалници на Охрид, Ново Село и Дебар.

Според заклучениот избирачки список на Државната изборна комисија, за предвремените локални извори во Охрид право на глас имаат 52.303 граѓани, во Дебар 18.625 и во Ново Село 11.365 граѓани.

Во трите општини избирачот, покрај ливчето за претседател, добива и едно ливче само за избор на градоначалник, со оглед дека советите се конституирани на редовните локални избори. За гласањето на локалните избори, избирачот се потпишува во изводот од избирачки список наменет за локалните избори.

Во општините Охрид и Дебар изборите за градоначалник се распишани поради ненадејната смрт на градоначалниците Јован Стојаноски и Ружди Љата, а во Ново Село ќе се избира нов градоначалник, бидејќи поранешниот Боро Стојчев поднесе оставка откако беше осуден на затворска казна за обид за шверц на цигари.

Петмина кандидати поднеле кандидатури за предвремените избори за градоначалник на Охрид, а по двајца за градоначалници на Ново Село и Дебар.

Вториот круг на предвремените локални избори за овие три општини ќе се одржи заедно со претседателските на 5 мај.

Би можело да ве интересира

Аргентинската опозициска партија победи на изборите во Буенос Аирес

Шест кандидати на AfD починаа пред германските избори

Предвремени избори за претседател на Република Српска на 23 ноември

Горан Наумовски

Кандидатите на претстојните локални избори ќе можат да се рекламираат на 329 медиуми во државата

На овие избори во најголемиот дел работите ќе се решат уште во првиот круг, вели Мицкоски

Горан Наумовски

Демократска партија на Турците на Македонија на локалните избори ќе настапи самостојно