Огромна змија вознемири семејство во Визбегово, змии се појавија насекаде и низ центарот на Скопје

Од:

Огромна змија вознемири семејство во скопско Визбегово. Влечугата ја затекнале во празниот базен во дворот, а морале сами да ја извадат. Слични ситуации има и во центарот на Скопје, каде денеска беше исто така забележана змија. Долга неколку метри, влечугата беше забележана на скопскиот кеј. Вакви ситуации имаше и во Карпош 4, на пешачката патека кон трговскиот „Сити мол“. По време на високите температури, често се случува граѓаните да бидат вознемирени од појава на змии. Голем дел не знаат каде треба да пријават, но и што да направат.

„А1он“ се обрати до Град Скопје, каде праша дали тие ги добиваат поплаките од граѓаните, но и каде треба да се јават ако наидат на ваков случај, но оттаму нема одговор. Од Град Скопје нема одговор и за тоа дали преземаат нешто, како што е појавата на змии во високи треви на јавни површини.

Во Македонија нема служби кои можат да се справат при појава на змии. Најчесто, кога змија влегува во нечиј дом или работни простории, го повикуваат Војо Иванов, кој работи и како едукатор во Зоолошката градина во Скопје. За ова тој не зема надомест и го прави доброволно. Иванов има вадено змии и од државни институции како што се градинки, Министерство за земјоделие, полициската станица во Арачиново.

„Со години работам со деца и ги учам како да комуницираат со змии. Секогаш предупредувам дека не е убаво да скокаат преку нив и да ги фаќаат кога ќе ги затекнат на отворено. Најчесто повторувам дека змија нема очен капак. Тие можат да видат змија која ги гледа, а таа спие. Тие кога луѓе ќе се приближат до нив, се вадат од памет и касаат за да се одбранат. Совет е да не влегуваат во контакт со змии, второ немаат потреба да ги бркаат. Змија не сака луѓе, влегла во маало за да бара храна како што се глувци. По мене не е алармантно, кога змија ќе им влезе дома. Во двор поминува, исто како што птица што прелетува. Не можеш да сопреш птица да лета“, вели Иванов за „А1он“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Змија на кејот на Вардар во Скопје: Топлото време ги раздвижи змиите

А1он

(ВИДЕО) 22 големи змии се пронајдени во женски багаж на аеродром во Индија

Патнички авион принудно слетал поради кобра во пилотската кабина: „Почувствував нешто ладно како ми лази по грбот“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Настрада укротител кој тврдеше дека е имун на змиски отров, кобра го каснала за јазикот

Жарко Настоски

ВИДЕО: Австралиско семејство една година живеелo со питон „потстанар“ на таванот

Жарко Настоски

ВИДЕО: Руски лекари извадија змија долга еден метар од стомакот на жена

Горјан Грнчаровски