Ограноците на политичките партии во Битола ја интензивираат кампањата

Од:

Ограноците на политичките партии во Битола ја интезивираат кампањата за локалните избори што ќе одржат на 24 март.

Кандидатот за градоначалник на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Талески го објави почетокот на меѓународната работилница „Пожарот уништува – ти можеш да го спречиш“ што ќе ја реализира граѓанската организација „Пегаз“-Битола во соработка со стручни лица од сферата на пожарникарството од Франција.

Обуката за ученици од основните и средните училишта ќе се реализира во Центарот за едукација што го отвори општина Битола во поранешната касарна, и според програмата планирани се 40 теоретски и практични работни средби.

Кандидатот за градоначалник поддржан од партијата Народно движење за Македонија, Љубомир Груевски најави дека очекува поддршка од граѓаните затоа што ќе ги реши долгогодишните проблеми на жителите од месноста „Петочна вода“ во населбата Баир каде што луѓето живеат во субсдандардни услови и за кои ќе трајно бидат надминати инфраструктурните проблеми.

Општинската организација на СДСМ-Битола ја утврди кандидатската листа за членови на општинскиот Совет, во која меѓу 31 кандидат се сврстени и предлозите на коалиционите партнери од коалицијата Сојуз за иднината. Носител на листата е актуелниот лидер на огранокот на СДСМ во Битола, Васко Ковачевски.

Во вечерните часови кандидатите за градоначалник и членови на Советот на општина Битола од сите политички партии и листите поддржани од група избирачи продолжуваат со интензивна кампања и контакти со своите поддржувачи.

Би можело да ве интересира

Руското МВР тврди: Регистрирани се 10 обиди за терористички напади за време на локалните избори

Избори во Северна Рајна-Вестфалија: ЦДУ го задржува водството, АфД во силен пораст

Аргентинската опозициска партија победи на изборите во Буенос Аирес

Шест кандидати на AfD починаа пред германските избори

Предвремени избори за претседател на Република Српска на 23 ноември

Горан Наумовски

Кандидатите на претстојните локални избори ќе можат да се рекламираат на 329 медиуми во државата