Ограничување за пловидбата на скутери и чамци по езерата во Македонија

Од:

Од денеска почнува ограничувањето за пловидба на скутери и чамци по водите на природните езера во Македонија. Забраната за движење на скутери од 1. јули до 31. август е во периодот од 11 до 19 часот низ Охридското, Преспанското и Дојранскотот Езеро.

Чамците пак, не смеат да пловат по езерските води од 21 до 05 часот.

Ограничувањата за пловидба на скутерите, според првиот човек на Капетанијата Горан Устијаноски, се за безбедност на капачите и на учесниците во пловидбата.

Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски најави засилени контроли на охридската полиција во соработка со Капетанијата и Езерската полиција по водите на Охридското Езеро. За поголема безбедност на Охрисдското и Струшкото крајбрежје, тој посочи дека ќе има постојани контроли на копно, покрај плажите, но и цивилни полицајци ќе патролираат низ Езерото.

За непочитување на одлуката предвидена е глоба од 800 евра.

Би можело да ве интересира

Пецаков најавува старт на реконструкцијата на Холандскиот парк во Охрид

Филипче: Со чесна и посветена работа Асен Шајн ќе го врати сјајот на Охрид

Охриѓанец го запалил глисерот на брат му, огнот зафатил и зграда

Катерина Ѓуровски

Обид за убиство во Охрид: Скопјанец со нож сакал да убие познаник

Уапсен маж осомничен дека предизвикал пожар, кај него е пронајдена запалка тврди полицијата

Охридскиот регион остана под заштита на УНЕСКО, ќе се ангажира фирма која ќе ги урне дивоградбите во Охрид, рече Мицкоски