Ограничување на собирањето и откупот на плодови на модра смрека во Прилеп

Од:

Со цел заштита на шумските плодови, а со тоа и ограничување на нивното нелегално и предвремено собирање и откуп, ЈП Македонски шуми подружница Црн бор -Прилеп донесе решение со кое го ограничува времето за собирање и откуп на модра смрека во 2013 година. Ова решение е донесено со оглед на состојбата на предвремено собирање и откуп на несозреани плодови од модра смрека на теренот.

Собирањето и откупот се одредува да започне на 1 септември 2013 година и трае до 15 ноември 2013 година.

Собирањето на плодовите може да се врши само од страна на регистрирани собирачи што поседуваат годишни дозволи за собирање шумски плодови и фирми регистрирани за откуп.

Борис Јованоски, раководител на прилепската подружницата, појаснува дека според законот ќе бидат казнети оние фирми што нелегално ќе откупуваат незрели плодови или ако не ги обезбедат потребните услови за чување на плодовите во откупните пунктови.

Доколку граѓаните забележат некои неправилности апелираат да ги пријават во подружниците на ЈП Македонски шуми со цел навремено реагирање и преземање на потребните мерки.

А.Ш.

Би можело да ве интересира

Пламна пожар во стан во Прилеп, две жени завршија во болница

Финансиска полиција ја тресе прилепската болница

Истрага за 50-годишен прилепчанец за обид за убиство на социјален работник

А1он

Јанкоски: ЛДП бара итна и темелна истрага за нападот на вработената во социјалното во Прилеп

Тешко ранета е вработена во прилепскиот Центар за социјални работи

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Китаноски: Борче Јовчески ќе остане запаметен и по расипничкото и неодговорно трошење на парите на граѓаните