Ограничувања за скутерите и чамците на езерата во Македонија

Од:

Од 1 јули се ограничува пловидбата на чамци и скутери на Охридското, Преспанското и Дојранското Езеро. Целта е заштита на природната средина, подобрување на безбедноста во пловидбата, како и безбедноста на капачите во периодот на летната туристичка сезона, како и оневозможување на рибокрадството кое е често констатирано по езерата и се врши во ноќните часови.

Според одлуката на Владата на Република Македонија, ограничувањето на пловидбата за скутерите се однесува за  периодот од 1 јули до 31 август во времетраење од 11 до 19 часот секој ден.

Ограничување на пловидбата со чамци е за периодот од 1 јули до 31 август во времетраење од 21 до 5 часот секој ден, од 1 септември до 31 октомври во времетраење од 19 часот до 6 часот секој ден, од 1 ноември до 31 март во времетраење од 17 часот до 6 часот секој ден и од 1 април до 30  јуни во времетраење од 19 до 6 часот секој ден.

Од оваа одлука, иземени се чамците и скутерите наменети за јавни потреби за вршење инспекциски, царински и полициски надзор, како  и чамците кои ги користи субјектот на кој му е дадена концесија за стопански и рекреативен риболов, како и за чамците за стопански цели – превоз на патници.

Во наведениот период, Капетанијата на пристаништата во соработка со  Министерството за внатрешни работи – Езерска полиција ќе врши редовни контроли во однос на почитувањето на законските прописи, при што доколку се констатира прекршок, прекршителите на оваа Одлука ќе бидат соодветно санкционирани.

Министерството за транспорт и врски апелира до сите граѓани да ја почитуваат одлуката со што ќе се придонесе за поголема безбедност, заштита на животната средина и подобар престој на туристите кои летуваат покрај езерата во Република Македонија.

– Одлука за ограничување на пловидбата за пловни објекти – скутери, беше донесувана и за претходните години, почнувајќи од 2009 година и искуството, како што наведуваат од Министерството, покажува дека ваквото ограничување е оправдано во поглед на остварувањето безбедност во пловидбата со што и бројот на пловидбените незгоди е значително намален.

Би можело да ве интересира

Зголемено нивото на реките, езерата во рамки на просекот за јуни

Зголемен водостојот на Преспанското Езеро

Ана Ололовска

Зголемен водостојот на Охридското Езеро

Ана Ололовска

Зголемен водостојот на Охридско Езеро, Преспанско под апсолутниот минимум

Ана Ололовска

Зголемен водостојот на Охридското Езеро

Ана Ололовска

Намален водостојот на Охридското Езеро

Ана Ололовска