Ограбил обложувалница, го фатиле по половина час

Од:

Тетовските полицајци фатиле разбојник половина час по кражбата која ја направил во една од градските обложувалници. Дваесетгодишникот кражбата ја извршил во спортска обложувалница на улица „113“ во Тетово.

-Околу 16 часот и 10 минути, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 20-годишниот тетовец Л.Х., кој половина час пред тоа во спортска обложувалница на улица „113“ во Тетово насилно одзел парични средства, но, набрзо бил фатен. Тој е задржан во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот, по што ќе му биде изготвен поднесок по член 236 од Кривичниот законик, информира Марјан Јосифоски портпарол на СВР Тетово.

Дваесетгодишникот ќе биде обвинет за сторено кривично дело „тешка кражба“.

Би можело да ве интересира

Со ловечка пушка се заканувал во адвокатска канцеларија во Кичево

Велешанка ги оставила петте малолетни деца и заминала за Скопје

10-годишно девојче повредено од заталкан куршум во Глумово

Малолетник направил хаос, со автомобил удрил пешак кој се бори за живот

Тепачка за паркинг на гробиштата во Ѓорче Петров

Катерина Ѓуровски

Еден загинат, двајца тешко повредени во три сообраќајни несреќи

Катерина Ѓуровски