Ограбени турски државјани во Мрзенци

Од:

Непознат строител синоќа ги ограбил Л.Д. (28) и А.Ц. (31) од Турција, кои живееле како потстанари во село Мрзенци, Гевгелиско. Насилно им одзел 5.000 евра и часовник „Ролекс“ вреден 7.000 евра, соопшти полицијата.

Немилиот настан се случил во 19:30 часот кога разбојникот, маскиран и вооружен со пиштол, дошол до влезната врата на куќата и најпрво ја турнал Л.Д., по што со пиштолот го удрил А.Ц. во пределот на главата. Откако овој паднал, сторителот ја извршил кражбата и побегнал во непознат правец.

Увид е извршен, се преземаат мерки за негово пронаоѓање и за целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

А1он

Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он