Ограбени три бензински пумпи во Скопје

Од:

Три бензински пумпи утрово се ограбени во скопско. И во трите случаи две маскирани лица со закана од пиштол од вработените одзеле засега неутврдена сума пари, соопшти МВР.

– Утрово во периодот од 04:05 часот до 04:15 во Скопје во бензинските пумпи на „Супер Оил на ул.„Перо Наков“ бб, на „Макпетрол“ на ул.„Методија Андонов Ченто“ бб и на бензинската пумпа „Аива Оил“ лоцирана пред село Арачиново извршени се разбојништва, се наведува во соопштението.

Полицијата презема мерки за расчистување на случаите и пронаоѓање на сторителите.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филмски грабеж на замрзнато пилешко во Египет

А1он

(ВИДЕО) Кражба на бакар од електро влечната потстаница Драчево, предизвикана е штета од 5 милиони евра

А1он

Крадци украдоа сеф со 200.000 евра од менувачница

Млади кумановци украдоа маси и столови од локал, кражбата ја признаа во полиција

Горан Наумовски

МВР: Уапсен скопјанец за кражба на бакарни кабли вредни 200.000 евра

Горан Наумовски

Четворица малолетници се обидоа да го ограбат манастирот „Св. Наум Охридски“ на Попова Шапка