Ограбени спортски обложувалници на „Спорт лајф“ во Скопје

Од:

Две спортски обложувалници  на „Спорт лајф“ во Скопје вчера се ограбени.

МВР информира дека вчера во 18,10 часот е пријавено дека во 17,40 часот на ул.„ Благоја Стефковски“ поточно во спортска обложувалница „Спорт Лајф“, непознато маскирано лице со закана со пиштол од вработената го одзело дневниот промет.

Вториот грабеж е во 20,30 часот  на ул.„Тале Христов“ каде непознато лице со закана со пиштол од вработените одзел засега неутврдена сума пари.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и целосно расчистување на случаите.

Би можело да ве интересира

МВР: Уапсен скопјанец за кражба на бакарни кабли вредни 200.000 евра

Горан Наумовски

Четворица малолетници се обидоа да го ограбат манастирот „Св. Наум Охридски“ на Попова Шапка

Притворени се Бугарки кои крадеа паричници во Скопје

А1он

Романски државјани фатени по кражба на злато во Скопје

Горан Наумовски

Главниот батлер на Елисејската палата крадеше садови и порцелан

Горан Наумовски

Крадец со скалпел во рака се закануваше дека ќе го повреди мажот кој го ограби