Ограбени обложувалница, маркет и автомобил во Скопје

Од:

Вооружени и маскирани разбојници вчера во три одделни кражби во Скопје украле пари, документи и пиштол.

Во спортската обложувалница „Спорт Лајф“ на ул.„Тале Христов“ во Скопје, вчера околу 19:19 часот, две непознати лица маскирани и вооружени со огнено оружје-пиштоли извршиле разбојништво над еден вработен при што одзеле околу 19.000 денари, а потоа го напуштиле местото на настанот.

Синоќа во 20:42 часот во маркет „Стокомак 21“ на бул.„Партизански Одреди“ во Скопје, непознат сторител вооружен со пиштол и маскиран со плетена црна маска, извршил разбојништво и од вработените одзел околу 27.000 денари, а потоа го напуштил местото на настанот.

Непознат сторител вчера околу 19:19 часот на на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје извршил тешка кражба во патничко возимо „ауди“ со скопски регистерски ознаки сопственост на К.С. (24) од скопско Сопиште. Сторителот со употреба на погоден предмет го искршил задното десно стакло од возилото, ја протнал раката и одзел една црна ташничка во која имало документи и еден пиштол „црвена застава“ калибар 9мм, со две рамки и 18 куршуми калибар 9мм сопственост на неговиот татко кој го поседувал со дозвола и го напуштил местото на настанот стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 30.000 денари.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителите на кражбите и за целосно расчистување на случаите.

Би можело да ве интересира

Крадец со скалпел во рака се закануваше дека ќе го повреди мажот кој го ограби

Македонец и Србин ограбиле продавници во Подгорица, имале добро разработена тактика: Пронајдени се и сомнителни документи

Горан Наумовски

Четворица струмичани од камион украдоа 160 вреќи компир

Горан Наумовски

Лувр е повторно отворен

Крадел од пациенти на Онкологија, Обвинителството поведе постапка

Скопјанец украл кредитна картичка од познаничка и подигнал 1.700 евра