Ограбени две банки во Тетово

Од:

Ноќеска во периодот од 03:30 часот до 03:50 часот во СВР Тетово биле пријавени грабежи во две банки.

Како што информираат од полицијата, во експозитура од банка кој се наоѓа во трговски центар во Тетово, три лица со употреба на сила влегле внатре и одзеле пари.

Петнаесетина минути подоцна, непознати сторители со употреба на сила влегле во експозитура на друга банка во Тетово и од банкомат одзеле пари.

Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Полјаци со четирицикли влегле во воени магацини во Тетово, четворица приведени

Човечки труп пронајден во канал во Бардовци

Катерина Ѓуровски

Трагедија во радовишко: 77-годишник загина при сечење дрва

Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Четворица малолетници го запалиле македонското знаме, се пофалиле на ТикТок

Откриена нелеглана плантажа на канабис во Струмичко