Ограбени црквите во Балиндол и Горна Бањица

Од:

Црквите во селата Балиндол и Горна Бањица во гостиварско викендов се ограбени.

Според полицијата, кражбата во црквата „Св. Никола“ во Балиндол ја пријавил тамошен жител. По извршениот увид е констатирано дека кражбата е извршена преку помошните простории на црквата од каде насилно е отворена влезната врата на објектот. Одземена е метална кутија во која имало три илјади денари.

Завчера била пријавена кражба и во манастирската црква „Св. Петар и Павле“ во Горна Бањица од каде се одземени 400 денари.

Од почетокот на годинава во гостиварско регистрирани се вкупно 19 кржби на верски објекти.

Би можело да ве интересира

МВР: Уапсен скопјанец за кражба на бакарни кабли вредни 200.000 евра

Горан Наумовски

Четворица малолетници се обидоа да го ограбат манастирот „Св. Наум Охридски“ на Попова Шапка

Притворени се Бугарки кои крадеа паричници во Скопје

А1он

Романски државјани фатени по кражба на злато во Скопје

Горан Наумовски

Главниот батлер на Елисејската палата крадеше садови и порцелан

Горан Наумовски

Крадец со скалпел во рака се закануваше дека ќе го повреди мажот кој го ограби