Ограбени црквата „Св.Богородица“ и манастирот „Св.Христофор“ во битолски Кравари и Крстоар

Од:

Во текот на вчерашниот ден извршени се кражби во црквата „Св.Богородица“, во битолското село Кравари и во манастирот „Св.Христофор“, во атарот на битолското село Крстоар.

Како што МВР денеска соопшти, вчера во 11,30 часот во Полициската станица-Битола, било пријавено дека ноќта на 03/04.05.2015 година во битолското село Кравари, поточно во црквата „Св.Богородица“, непознат сторител извршил тешка кражба.

Кражбата е извршена на тој начин што крадецот го пресекол катанецот од влезната врата, влегол внатре и по извршено пребарување одзел метални пари во вредност од околу 2.000 денари, а потоа го напуштил лице местото.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

На 04.05.2015 година во 15,30 часот во Полициската станица во Битола, било пријавено дека во текот на ноќта 03/04.05.2015 година во атар на битолското село Крстоар, поточно во манастирот „Св.Христофор“ непознат сторител извршил тешка кражба на тој начин што откорнал метално парче лим поставено на прозорецот и со протнување на раката го отворил истиот, влегол внатре и по извршено пребарување одзел метални пари во вредност околу 300 денари, ланец со крст, привезок крст и магнетна белегзија, со што причинил материјална штета од околу 1.000 денари, а потоа го напуштил лице местото.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

Би можело да ве интересира

МВР: Уапсен скопјанец за кражба на бакарни кабли вредни 200.000 евра

Горан Наумовски

Четворица малолетници се обидоа да го ограбат манастирот „Св. Наум Охридски“ на Попова Шапка

Притворени се Бугарки кои крадеа паричници во Скопје

А1он

Романски државјани фатени по кражба на злато во Скопје

Горан Наумовски

Главниот батлер на Елисејската палата крадеше садови и порцелан

Горан Наумовски

Крадец со скалпел во рака се закануваше дека ќе го повреди мажот кој го ограби