Ограбени четири цркви во Гостиварско

Од:

Непознати сторители изминатите денови ограбиле четири цркви во подшарпланинските села во Гостиварско. Украдени се околу 1.300 денари, прилози на верниците и причинета е материјална штета од околу 9.000 денари.

Според СВР Тетово, во селата Лешница, Долно Јеловце и Печково, во периодот од 2 до 4 април со насилно отварање на влезните врати било провалувано во објектите и од кутии за прилози биле одземени пари.

На мета на крадците биле црквите „Св. Никола” во Печково, „Св. Ѓорѓија” и манастирската црква во Долно Јеловце и „Св. Никола” во Лешница. Сите четири кражби се извршени на речиси идентичен начин и најверојатно од исти лица.

Полицијата изврши увид и презема мерки за расветлување на кражбите во верските објекти во Гостиварско.

Би можело да ве интересира

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена