Ограбени бензинска во Сарај, аптека во Скопје и маркет во Охрид

Од:

Три непознати маскирани лица, вооружени со автоматски пушки, ноќеска во 02,20 часот физички го нападнале вработениот на бензинската пумпа „Имо Оил“ во скопски Сарај при што му одзеле околу 20.000 денари, како и неговиот паричник во кој имало 1.000 денари и документи.

Крадците го одзеле и ресиверот од безбедносните камери од пумпата, по што го затвориле вработениот во една од просториите и избегале во непознат правец. Полицијата соопшти дека презема мерки за пронаоѓање на лицата и за целосно расчистување на случајот.

Непознато вооружено лице, пак, вчера ја ограбило аптеката на „Зегин“ на ул.„Ферит Мурати“ во Скопје. Крадецот со закана со пиштол од вработените одзел засега неутврдна сума пари од дневниот промет, по што избегал во непознат правец.

Вооружен маскиран крадец рано изутрината околу 04,20 часот извршил разбојништво врз вработена во маркетот „Теди“ на ул.„Димитар Влахов“ во Охрид, при што одзел околу 60.000 денари од дневниот промет.

Би можело да ве интересира

Крадец со скалпел во рака се закануваше дека ќе го повреди мажот кој го ограби

Македонец и Србин ограбиле продавници во Подгорица, имале добро разработена тактика: Пронајдени се и сомнителни документи

Горан Наумовски

Четворица струмичани од камион украдоа 160 вреќи компир

Горан Наумовски

Лувр е повторно отворен

Крадел од пациенти на Онкологија, Обвинителството поведе постапка

Скопјанец украл кредитна картичка од познаничка и подигнал 1.700 евра