Ограбена златарата Голд во Охрид

Од:

Ограбена е златарата Голд која се наоѓа во центарот на Охрид, во близина на стариот чинар.

Две непознати лица кои биле маскирани влегле во златарата, каде што во моментот се наоѓала вработената, под закана со пиштол одзеле непозната количина на злато од пултот и од страничните делови на златарата.

Веднаш потоа се обиделе да избегаат со мотор кој бил паркиран пред златарата, но бидејќи не успеале да го стартуваат моторот избегале со трчање.

Кражбата се случила околу 20 часот, во моментот кога во близина имало и голем број граѓани. Од полицијата информираат дека се во потрага по лицата и оти во моментот се врши увид на лице место

Би можело да ве интересира

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски

Притворени се Бугарки кои крадеа паричници во Скопје

А1он

ЦУК: Од обилните врнежи има поплавени куќи во Охрид и Кичево, евакуирани се 100 лица

Романски државјани фатени по кражба на злато во Скопје

Горан Наумовски

Земјотрес во Охрид и околината со интензитет од четири степени според Европската макросеизмичка скала