Ограбена струшката црква Света Петка

Од:

Во Струга синоќа е ограбена црквата „Света Петка“ што се наоѓа спроти Општата болница. Според првичните информации, украдени се бакарни шандани каде верниците палат свеќи и пари што луѓето ги оставаат за здравје.

Полицијата потврди дека имало кражба во црквата. – Настанот во полицијата е пријавен утрово околу 7 часот. Се уште трае увидот на нашите екипи и засега се знае само дека не се одземени икони од црквата, изјави портпаролот на Секторот за внатрешни работи на Охрид, Стефан Димоски.

Верскиот објект е сместен на прометна улица во центарот на Струга, а веднаш до него е лоцирана и автобуска постојка.

Би можело да ве интересира

Полицијата уапси тројца крадци кои ограбиле фирма

Скопјанец украл 10 илјди евра од менувачница

Арамија од куќа во Велес украде пари и мобилен телефон

Од армиски центар украдени три „Хамери“, едниот е блиндиран

Уапсена е 38-годишна жена, ја фатиле при кражба во маркет во Прилеп

А1он

Осумдневен притвор за 32-годишен скопјанец поради „тешка кражба на дрзок начин“

А1он