Во спортска обложувалница „Д-Слот“, која се наоѓа на ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје синоќа околу 20.40 минути е извршен грабеж од страна на непознато маскирано лице.
Од МВР денеска соопштија дека маскираното лице со закана со огнено оружје извршил разбојништво над тројца вработени одземајќи сума на пари од околу 35.000 денари, по што го напуштил местото на настанот.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.