Ограбена спортска обложувалница во Ресен

Од:

Во Полициската станица-Ресен вчера е  пријавено дека меѓу 22 часот на 31 јануари и 8 часот на 1 февруари е извршена тешка кражба во спортската обложувалница „Евро гол“ на ул. „Мите Богоевски“  во Ресен.

Одземен е сеф во кој имало 119.357 денари. Сторителот  со употреба на сила го отворил и влегол низ прозорецот од тоалетот и од помошната просторија го одзел сефот и заминал.

Увид на местото извршила полициска екипа и во тек се мерки за пронаоѓање на сторителот.

Би можело да ве интересира

МВР: Уапсен скопјанец за кражба на бакарни кабли вредни 200.000 евра

Горан Наумовски

Четворица малолетници се обидоа да го ограбат манастирот „Св. Наум Охридски“ на Попова Шапка

Притворени се Бугарки кои крадеа паричници во Скопје

А1он

Романски државјани фатени по кражба на злато во Скопје

Горан Наумовски

Главниот батлер на Елисејската палата крадеше садови и порцелан

Горан Наумовски

Крадец со скалпел во рака се закануваше дека ќе го повреди мажот кој го ограби