Непознат сторител синоќа околу 20 часот извршил разбојништво во продавница на ул. „Димитар Влахов“ во Велес.
Сторителот со нож на вработената и нанел повреда на левата дланка, по што одзел околу 25.000 денари и побегнал во непознат правец.
СВР Велес презема мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.