Во периодот од 15.00 часот на 5. јуни до 7. јуни во село Воѓани прилепско, во објект на Македонски пошти непознат сторител извршил тешка кражба, при што одзел околу 19.000 денари.
Сторителот ја обил заштитаната решетка и прозорецот од објектот, влегол внатре, со подесен алат ја отворил вратата од касата од која ги одзел парите и го напуштил местото.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.