Ограбена обложувалница и обид за грабеж во менувачница

Од:

Две разбојништва вчеравечер се случиле на две локации во Скопје. Според полицискиот дневен билтен, ограбена е обложувалница и извршен е неуспешен обид за грабеж во менувачница.

Околу 18 часот непознат маскиран сторител извршил разбојништво во спортска обложувалница во скопската населба Топанско Поле. Како што информира МВР, сторителот заканувајќи се со пиштол од вработениот одзел 73.000 денари по што побегнал во непознат правец.

Во 18.20 часот, пак, непознат маскиран сторител извршил разбојништво во обид во менувачница на улицата „Московска“ во Скопје.

Со закана со пиштол од вработениот побарал пари, но овој успеал да го вклучи безбедносниот аларм, по што маскираниот разбојник се откажал од намерата и побегнал.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителите на двете разбојништва и за целосно расчистување на случаите.

Би можело да ве интересира

Крадел од пациенти на Онкологија, Обвинителството поведе постапка

Скопјанец украл кредитна картичка од познаничка и подигнал 1.700 евра

Кражба на кабел за фотоволтаици, направена е штета од 15.000 евра

А1он

Службеник од Прилеп крадел пари од касата на локалната градска болница

Украл возило и возел под дејство на алкохол, па излетал од патот

Полицијата уапси тројца крадци кои ограбиле фирма