Три маскирани лица вчера околу 01:00 часот насилно влегле во куќата на Ш.К.(77) во скопското село Шишево, по што едно од лицата со употреба на физичка сила и закана со нож го држел Ш.К., додека другите две лица извршиле пребарување по куќата, при што пронашле и одзеле 9.000 евра.
Се преземаат мерки за откривање на сторителите.