На 5 јуни, во времето од 09,20 до 16,30 часот, во Скопје на улица „Козле – 3“ во куќата сопственост на С.А. (53), од страна на непознат сторител, кој насилно преку прозорец влегол во куќата, одземени се околу 30.000 денари и златен накит.
Крадецот се стекнал со вкупна противправна имотна вредност од околу 150.000 денари.
Увид на лице место извршила екипа од СВР-Скопје и се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.