Ограбена и оштетена црквата Св. Атанасиј на Тетовското кале

Од:

Поголема материјална штета била нанесена на црквата Свети Атанасиј на Тетовското кале откако вчера попладне засега непознати сторители извршиле тешка кражба во овој црковен објект, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Според неговите информации сторителите најпрвин го обиле едниот прозорец по што влегле во црквата и од метална каса за прилози од верниците од каде одзеле околу 700 денари во разни апоени. Потоа за да излезат тие ја оштетиле и влезната врата како и лимот од помошната просторија каде исто така пребарувале и расфрлале. Освен тоа сторителите скинале и електричен кабел од една од бандерите по што го оставиле на земја, а влегле и во стариот дел каде имало преградена просторија од Управата за заштита на културното наследство.

Случајот бил пријавен околу 18 часот и 10 минути од И.Ѓ. (30) кој се јавил во тетовската полициска станица по што екипа на СВР Тетово најпрвин веднаш го обезбедила просторот по што бил извршен комплетен увид фотодокументирани биле сите оштетувања и биле земени траги за вештачење.

Според архиерејскиот намесник на тетовското архиерејско намесништво на тетовско гостиварската епархија на МПЦ – ОА протоереј Дарко Наумовски со овој настан извршено е сквернавење на верскиот објект што е во надлежност на црквата. Тој најави дека поради зачестените кражби во верските објекти во овој регион во тек е поставување на камери и алармни системи во сите цркви и манастири во надлежност на тетовско гостиварската епархија.

Ова е трето оштетување на црквата Свети Атанасиј на Тетовското кале откако претходно на двапати биле оштетени поставените светилки на оградата околу црквата

Би можело да ве интересира

МВР: Уапсен скопјанец за кражба на бакарни кабли вредни 200.000 евра

Горан Наумовски

ВИДЕО: Снимка од моментот на земјотресот во Тетово

Катерина Ѓуровски

Почуствуван земјотрес во Тетово и околината

Четворица малолетници се обидоа да го ограбат манастирот „Св. Наум Охридски“ на Попова Шапка

Притворени се Бугарки кои крадеа паричници во Скопје

А1он

ЦУК: Се појавија свлечишта, но се поплавени куќи и патишта во Битола, Тетово и Гостивар