Ограбена експозитура на ТТК банка во Прилеп

Од:

Експозитура на ТТК банка во центарот на Прилеп денеска е ограбена при што се одземени околу 1,5 милион денари.

Кражбата се случила околу 10 часот и 30 минути кога двајца маскирани разбојници вооружени со пиштоли упаднале во банката на улицата „Борис Кидрич“.

Портпаролот на СВР Битола Ѓоко Стрезовски изјави дека едниот од разбојниците бил маскиран со црна капа на главата, а другиот со шал. Кога упаднале во експозитурата, едниот од нив и вперил пиштол на една од вработените и ги побарал парите.

– Откако вработената во торбата која и ја дал напаѓачот ставила дел од парите, тој веројатно незадоволен од износот, најпрвин со нога ја скршил вратичката која го поврзува просторот со странките и задшалтерскиот простор и побарал да му отклучат еден од сефовите од каде исто така ги зел парите, информира Стрезовски.

Од другата вработена во банката побарале да го отвори и другиот сеф по што избегале во непознат правец.

Според полицијата, на едниот од разбојниците додека биле во банката му паднал шалот од лицето и камерите го забележале тоа. Станува збор за познати разбојници. Едниот од нив пред Нова година побегнал од затвор, а бил осуден за кражба. Полицијата трага по нив.

Би можело да ве интересира

За пет часа полицијата уапси 13 моторџии – одземени се пет мотоцикли

А1он

МВР предупредува за нов бран измамнички СМС пораки од „Безбеден град“

А1он

Уапсен e осомничениот за нападот со нож во банка во Регенсбург

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Германија: Вработен во банка почина по напад со нож, заложничката драма продолжува

Горан Наумовски

Драма во германска банка: Вооружен крадец зема заложници, неколку лица се повредени

МВР го најде во Скопје Цуната кој и избега на полицијата во Кочани преку прозорец

Катерина Ѓуровски