Ограбена експозитура на Халкбанка во Бутел

Од:

Утрово е ограбена експозитура на Халкбанка во населбата Бутел 1 во Скопје. Од Министерството за внатрешни работи за МИА потврдија дека грабежот се случил во 9.30 часот во експозитурата на улица „Бутелска“.

Го извршиле три непознати лица, маскирани и вооружени со пиштоли, кои одезеле одредена сума пари и го напуштиле местото.

Во моментов се врши увид и е засилено полициското присуство. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите.

Би можело да ве интересира

МВР: Уапсен скопјанец за кражба на бакарни кабли вредни 200.000 евра

Горан Наумовски

Четворица малолетници се обидоа да го ограбат манастирот „Св. Наум Охридски“ на Попова Шапка

Притворени се Бугарки кои крадеа паричници во Скопје

А1он

Романски државјани фатени по кражба на злато во Скопје

Горан Наумовски

Главниот батлер на Елисејската палата крадеше садови и порцелан

Горан Наумовски

Крадец со скалпел во рака се закануваше дека ќе го повреди мажот кој го ограби