Крадецот на Алфа банка и е познат на полицијата

Од:

Разбојникот кој вчера ја ограби експозитурата на „Алфа банка“ на булеварот „Партизански одреди“, и е познат на полицијата. Според МВР тој е осомничен и за други кражби на банки, но во моментов е сеуште во бегство.

Крадецот украде 72.000 денари и 120 евра или околу 1.400 евра, а дел  од пленот е веќе пронајден.

Тој вчера упадна во банката маскиран со шал преку носот, со ракавици и вооружен со пиштол. Почнал да им се заканува на четирите вработени и им дал пластична кеса за да ги стават парите во неа. Откако ги зел парите, веднаш избегал.

Но, граѓаните кои биле во близина виделе дека крадецот влегува во автомобил „Ровер“ –темно сина боја. Полицијата го нашла автомобилот во населбата Хром, а внатре пронашле пиштол марка “берета“ калибар 7,65 мм со шест куршуми за истиот, една капа плетена црна со отвори на очите со натпис “fisher”, еден пар црни ракавици плетени, една црна најлон кеса со натпис “colins” во која имало 121 банкнота од по 50 денари, 56 банкноти од по 100 денари и еден дуксер сива боја.

Би можело да ве интересира

Тешко повредена е 21 годишна велешанка – падна од мотоцикл

А1он

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата