Ограбена црквата во Трница

Од:

Непознати сторители провалиле во манастирската црква „Свети Никола Летен“  во Трница и одзеле пари кои биле собирани од доброволни прилози на верниците.

Според СВР Тетово, провалната кражба, најверојатно се случила, помеѓу 13-ти и 16-ти овој месец, од страна на засега непознати сторители. Од извршениот увид е утврдено дека, провалниците, најпрво го скршиле катинарот од едната од двете влезни врати, а потоа целосно ја пребарале неговата внатрешност. Од метални кутии поставени под две икони, според А.П (60) кој ја пријавил кражбата, одзеле околу 2.000 денари.

Провалниците, исто така, пребарувале и во олтарот, но од таму не одзеле ништо. Извршен е целосен увид и се преземаат мерки и активности за откривање на сторителите.

Во Мавровско-реканскиот крај, минатата година беа регистрирани десетина провални кражби на верски објекти при што беа одземени повеќе икони и доброволни прилози. Годинава ова е прва провала во овој регион.

Би можело да ве интересира

Од армиски центар украдени три „Хамери“, едниот е блиндиран

Уапсена е 38-годишна жена, ја фатиле при кражба во маркет во Прилеп

А1он

Осумдневен притвор за 32-годишен скопјанец поради „тешка кражба на дрзок начин“

А1он

Разбојник од скопската населба Илинден ограбил аптека во Ново Лисиче

МВР: Уапсен е разбојникот кој ограби обложувалница и мини-маркет во Скопје

За шест дена тројца арамии извршиле три кражби во куќи