Ограбена црквата „Свети Ѓорѓија“ во тетовско Волковија

Од:

Околу 1.000 денари биле одземени од црквата „Свети Ѓорѓија“ во тетовското село Волковија по кражбата што ја извршиле засега непознати сторители во се уште неутврдено време, соопшти денеска портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Според Јосифовски, крадците најпрво го отстраниле катинарот од металната решетка пред влезната врата, а потоа насилно ја отвориле и вратата и од метална кутија во внатрешноста на црквата одзеле околу 1.000 денари во разни апоени – доброволни прилози од верниците.

Полицијата извршила комплетен увид и фотодокументирање на објектот и работи на откривање на сторителите, рече Јосифовски.

Би можело да ве интересира

Разбојник од скопската населба Илинден ограбил аптека во Ново Лисиче

МВР: Уапсен е разбојникот кој ограби обложувалница и мини-маркет во Скопје

За шест дена тројца арамии извршиле три кражби во куќи

Вработен во МВР две години крадел пари од службената каса

Полицијата уапси крадец кој ограбил две куќи

Горан Наумовски

Четворица осомничени за кражба на половина милион евра од стан во Белград