Ограбена црквата Свети Ѓорѓија во гостиварско Здуње

Од:

Непознати сторитиле ограбија уште една православна црква во Гостиварско. Овој пат на мета била црквата „Свети Ѓорѓија“ во селото Здуње. Пленот на крадците и се состоел од пари, доброволни прилози од верниците.

Од СВР Тетово, информираат, провалниците во црквата влегле наверојатно ноќта помеѓу 14-15 февруари, откако го скршиле катанецот влезната врата. За разлика од серијата кражби во кои беа украдени и икони, овој пат одземени се околу 2.500 денари кои верниците ги оставале на иконите како и два пакети масло и шише вино.

Од полицијата соопштуваат дека е извршен увид и се преземаат активности за пронаоѓање на сторителите. Последна во серијата ограбувања беше црквата “Св. Архангел Михаил” во селото Вруток. Таму, за десетина дена, крадци во два наврати провалуваа и и освен прилозите од верниците, украдоа и три икони.

Би можело да ве интересира

МВР: Уапсен скопјанец за кражба на бакарни кабли вредни 200.000 евра

Горан Наумовски

Четворица малолетници се обидоа да го ограбат манастирот „Св. Наум Охридски“ на Попова Шапка

Притворени се Бугарки кои крадеа паричници во Скопје

А1он

Романски државјани фатени по кражба на злато во Скопје

Горан Наумовски

Главниот батлер на Елисејската палата крадеше садови и порцелан

Горан Наумовски

Крадец со скалпел во рака се закануваше дека ќе го повреди мажот кој го ограби